Русија: 6.000 новозаразени од коронавирус за 24 часа

од Vladimir Zorba

Во Русија бројот на заразени со коронавирус постојано се зголемува, откако позитивно се тестирани повеќе од 6.000 пациенти во последните 24 часа.

Ова е за 16,5 проценти повеќе од претходниот ден. Речиси 25.000 луѓе се разболеле само во Москва.

Досега се потврдени вкупно 42.853 случаи на КОВИД-19 во сите региони, со што Русија го зазема десеттото место во светот. Од нив, 43% од заразените не покажуваат симптоми на коронавирус, соопшти кризниот штаб во земјата.

Во изминатите 24 часа во Русија починаа 48 лица. Се излекувале вкупно 3.291 лица.

Најмногу заразени во последните 24 часа се забележани во Москва (3.570), Московската област (709) и Нижигородската област (129).

Како дел од мерките против пандемијата, Русија го прогласи цел април за неработен, а во повеќето региони беше воведен режим на самоизолација.

Слични содржини