Руската телевизија NTV тврди дека бугарската пророчница Баба Ванѓа ја претскажала уште пред 30 години и тоа со неверојатна точност целата светска драма поврзана со сириските бегалци.
Тие го цитираат пророштвото на Петричката гатачка : Несреќа ќе не го преплави секаде, сите народи ќе заглават. Луѓето ќе одат без чевли и без облека, ќе живеат без храна и светлина. Она што ги обединува , ќе се растури на парчиња. И сето тоа ќе се случи недалеку од Русија “.Дали всушност една слепа жена видела што се случува деновиве пред толку години и навистина дали бегалците носат со себе страшен вирус – на овие прашања одговара посебен репортажа на медиумот, посветен на Ванѓа.
Бугарскиот уметник и писател Петар Баков се познавал и комуницирала со Ванѓа цели 50 години. Тој изјавува пред камерите дека видовитоста е опишана токму со судбината на цели народи, а не само на поединци. Ванѓа не остави писмени сведоштва за да погодуваме, ниту за средбите со луѓето. Се што таа се обидела да каже на луѓето во последните денови од животот , е запаметено од две жени, кои се грижеле за неа – Стефка Петревски и нејзината мајка. И сега двете се оние кои се потрага за толкување на зборовите на Ванѓа за бегалците и исламизацијата. Телевизијата ги емитуваше зборовите на пророчицата “Секој ќе бара начин да се спасува поединечно. Во Европа ќе командуваат муслиманите”, е толкувањето им од страна на нејзините две најблиски жени.
“Тоа се зборови на тетка Ванѓа пред 30 години. Ние со мајка ми тогаш дури и не им обрнувавме внимание. И дури сега, кога почнаа да даваат на телевизија овие работи за бегалци, тогаш се сетив на она што Ванѓа велеше” вели пред руската телевизија Стефка. На телевизија емитува и друго предвидување на пророчицата: “Луѓето ќе се разделуваат по верски знак. Сирија ќе се сруши во колената на победникот. Но победникот ќе се покаже не оној што сите мислат. Брат ќе тргне против братот”. “Тоа е нешто во кое човек тешко ќе поверува. И уште не ми се верува дека муслиманите ќе земат власта во Париз или Берлин. Но, кажете искрено, некој веруваше ли и во тоа дека Америка ќе има црн претседател”, прашува Стефка Петревски. Жената ги толкува уште пророштва на Ванѓа: “несреќи ќе има секаде, сите народи ќе заглават. Луѓето ќе одат без чевли и без облека, ќе живеат без храна и светлина. Она што ги обединуваат, ќе се растури на ситни парчиња “.” Претходно сите мислевме дека тааго вели тоа за Советски Сојуз и неговото распаѓање. Но сега, како гледаме како се распаѓа обединета Европа, тетка Ванѓа зборувала за нешто доста полошо од крахот на СССР “, коментира Петревски.