Руски космонаути во костуми во боите на украинското знаме (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Тројцата руски космонаути безбедно пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС) во петокот со капсулата Сојуз, со цел да ја продолжат 20-годишната мисија што Русија и САД ја делат во орбитата и покрај тензиите поради руската инвазија на Украина.

Новиот тим космонаути беше срдечно пречекан од четворица Американци, двајца Руси и еден германски член на екипажот кои веќе беа на станицата.

Сите седуммина сегашни патници на вселенската станица се ракуваа и ги прегрнаа новодојдените руски космонаути.

Тројца руски космонаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица во жолти одела со сини детали, кои се боите на украинското знаме.

Олег Артемиев, командантот на рускиот тим, носеше сино вселенско одело во видеото на кое се гледа како капсулата Сојуз се подготвува да се спои со вселенската станица.

Не е познато дали имале намера да испратат порака со пресоблекување во жолти одела.

Кога астронаутите можеа да разговараат со членовите на своето семејство на Земјата, Артемиев беше прашан за оделата. Тој рече дека секој екипаж ги избира своите одела.

„Дојде на ред да ја избереме бојата, но досега имаме акумулирано многу жолт материјал и моравме да го искористиме. Затоа моравме да носиме жолто“, рече тој.

Рускиот тим започнува мисија која ќе трае шест и пол месеци.

Слични содржини