Русковска: Лицето Н.Г. кое е во бегство е испитан за  случајот „плацеви на Водно“

од Берта Китинска

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во денешното гостување во Студио 10 на ТВ24 изјави дека  лицето Н.Г. кое е во бегство е испитан за  случајот „плацеви на Водно“.

„Околу 1.3 милиони евра се префрлени од мајката фирма на Белизе на ќерката фирма овде. Знаеме на кој датум колку средства се префрлани, сомнителните трансакции банките треба да ги пријавуваат. Мислам дека од кипарска банка се стигнати парите. Треба уште некои сведоци да сослушаме и предметот ќе оди на материјално-финансиско вештачење. Ограничени сме со времетраењето на притворот, на 3 месеци“ , изајви  Русковска.

Таа напомена дека вештачењето е ограничено, бидејќи  притворот е три месец.

„Во овој случај лицето Р.Н е второ осомничен додека лицето  Н.Г е прво осомничен. Лицето Н.Г  е исптиан баш за ова кривично дел за перење пари така да ќе немаме проблем за да дадеме обвинени бидејќи веќе има дадено исказ,воедно моеж да се побара и екстрадиција ако се утврди дека е крив“, вели Русковска.

Слични содржини