Саити: Судовите немаат техничка опрема за спроведување за онлајн судења

од Берта Китинска

Задолжително носење заштитна маска и држење социјална достанца, како и мерење телесна температура на влез во судската зграда, дезинфекција и проветрување на судниците, предвидува Протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 во судовите, што денеска го промовираше Здружението на судии.

Според претседателот на здружението на судии Џемали Саити  нема услови судовите да спроведат онлајн судења за време на пандемијата.

– Судовите не располагаат со техничка опрема за спроведување на судења со употреба на интернет технологијата, изјави Саити.

Тој денеска во граѓанскиот и Кривичниот суд ги промовираше мерките за заштита од коронавирусот.

Услови за спроведување на судењата во Основниот граѓански суд засега има, смета судијката од Основниот граѓански суд Емилија Шопар Јованова.

– Засега немало проблем. Судницата е доволно голема да присуствува и странката и јавноста, изјави Емилија Шопар.

Изработени се 10 илјади флаери и 900 постери кои ќе бидат распределени низ сите судови во државата.

Слични содржини