Самсоненко го напушта Вардар, им рекол на фудбалерите да си бараат нови клубови

од Aleksandar Petrovski

Сергеј Самсоненко се повлекува од фудбалскиот клуб Вардар. Фудбалерите на „црвено-црните“ денеска по пријателскиот натпревар со Црвена Звезда во Анталија, биле информирани дека се слободни да си бараат нови клубови.

Неофицијално фудбалерите биле ослободени од своите обврски. Сопственикот Сергеј Самсоненко не можел да обезбеди буџет за плати за фудбалерите, кои и онака кубуреа со финансии изминатите месеци.  Русинот се откажува од клубот, кој според претходниот договор, најверојатно ќе се врати во сопственост на Градот Скопје.

Вардар оваа сезона е прв на табелата во Првата лига со осум бодови предност во однос на актуелниот шампион Шкендија.

Слични содржини