Сања Илиќ не знаел дека боледува од тешка болест – лекарите ја откриле дури кога бил хоспитализиран

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот српски композитор, музичар и фронтмен на групата Балканика, Александар Сања Илиќ почина вчера на 70-годишна возраст, откако пред неколку дена беше хоспитализиран поради коронавирус. Во меѓувреме, лекарите откриле дека неговата состојба е критична затоа што со години имал леукемија, без самиот да знае за тоа.

Информацијата дека легендарниот композитор починал ја шокираше јавноста, но и неговите колеги и пријатели. Пред неколку дена, Илиќ беше сместен во Земунската болница поради последици од коронавирусот и беше поставен на респиратор.

Отежнувачка околност за неговата здравствена состојба била тешката болест што лекарите ја откриле дури кога бил хоспитализиран. Како што дознава „Курир.рс“, Илиќ имал леукемија веќе седум години, а не знаел за тоа. Токму тоа ја влошило неговата состојба, а вчера ја загуби битката со болеста.

Тој беше оженет со актерката Злата Петковиќ, која почина во 2012 година и со неа го доби синот Андреј. Пред пет години се ожени со својата партнерка Татјана Карајанов.

Слични содржини