Сарачини за Ленин: Беше дел од контра-протестите против „Тиранската платформа“, а сега на протестите на превозниците врзал албански и македонски знамиња

од Vladimir Zorba

„Ееее Ленине, Ленине…. Во 2017-та со неговите моторџии „Ноќни волци“ беше дел од контрапротестите на ВМРО-МВРО против „Тиранската платформа“ кои кулминираа со крвавиот 27 април. Сега, на блокадите на неговите приватни автобуси во Скопје – врзал албански и македонски знамиња!“, пишува на својот Фејсбук профил активистот Петрит Сарачини.

Јовановски во денешното интервју за Макфакс објасни дека приватните превозници направиле сè за да не дојде до ситуацијата во која се наоѓа градот со јавниот превоз и дека претходно добивале одредени ветувања од надлежните дека ситуацијата ќе се подобри.

Бевме соочени со ветувања дека состојбата ќе се надмине и дека треба да почекаме некаков ребаланс на буџетот, вели Јовановски, но тоа што било договорено не се почитувало и придонело за зголемување на нервозата, но и за долгот кај приватните превозници.

„Долгот не бил ни приближно толку голем како што е сега. Каде оди дрскоста и лажењето на Арсовска“, прашуа Јовановски.

Слични содржини