СДСМ: Дали намерно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го известиле Мицкоски за Декларацијата за Илинден

од Stefanija Kuzmanovska

Со денови ДПМНЕ пласира едни исти лаги за Декларацијата за Илинден којашто ја поднесе СДСМ. Што се случува во ДПМНЕ? Дали намерно пратениците на ДПМНЕ не го известиле Мицкоски дека Декларацијата за Илинден е поднесена во Собранието?, прашуваат од СДСМ.

„Доколку во ДПМНЕ меѓу себе си кријат информации едни од други тоа е едно, но изнесувањето невистини и лаги во јавноста е нешто сосема друго.

Која е целта на пратениците на ДПМНЕ не навлегуваме, тоа го сметаме за внатрешно прашање во опозициската партија, но јавноста ја заслужува вистината. Впрочем сметаме дека и самиот Мицкоски заслужува да ја знае вистината“, стои во соопштението на партијата на власт.

Слични содржини