СДСМ: Мицкоски да излезе и да каже: Со кого соработува во Бугарија и за какви цели?

од Берта Китинска

Христијан Мицкоски да не се прави паднат од Марс, преговори со Бугарија течат веќе над два месеца.Наместо да се крие зад партиски соопштенија, да организира таканаречени протести преку кои си ја спасува фотелјата, Мицкоски да излезе и да каже:  со кого соработува во Бугарија и за какви цели?, бараат од СДСМ.

„Почна со лаги дека претседателот Заев ќе одел во Софија да ја парчи Македонија викендов, а ниту Заев беше во Софија, ниту Македонија е распарчена. Мицкоски е изгорен од желба Македонија да не успее, ама тоа задоволство СДСМ и македонскиот народ нема да му дадат на самопрогласениот хистеричен политичар“– велат во соопштението од СДСМ.

Мицкоски е целосно разобличен, велатр оттаму, целта со оваа срамна лага, невистина беше да и се наштети на државата, но повторно не успеа, повторно е поразен, изолиран во сопствената хистерија и очај.

Слични содржини