СДСМ: Неопходна ни е стабилна Влада со полн мандат

од Берта Китинска

Нè очекуваат сериозни предизвици, неопходна ни е стабилна Влада со полн мандат и сите пратеници од новиот парламентарен состав имаат можност да се приклучат на прогресивните политики предводени од СДСМ, велат од Социјалдемократскиот сојуз.

„Како држава во наредниот период нè очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден и затоа ова се времиња кога е неопходна стабилна Влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ“, соопштија од партијата.

Од таму потворија дека после илинденските празници ќе почне процесот на преговори за можна коалициска соработка.

„Она што е јасно е дека сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница. Коалицијата што ќе ја предводи СДСМ ќе биде отворена за сите политички чинители, кои прифаќаат да се приклучат на патот кој води напред, односно европскиот пат, патот на правдата и економијата пред сè“, велат од СДСМ.

Слични содржини