СДСМ: Со кредитната линија КОВИД 3 одобрени 2.009 барања за бескаматни кредити во вредност од 23 милиони евра

Во рамки на денешната прес конференција, пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска, посочи дека од предвидените проекти врзани за поддршка на македонската економија, одобрени се 2.009 кредити без камата, кои изнесуваат 23 милиони евра.

„Во време на здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, продолжува со поддршка на сите погодени од коронакризата, преку владините економски пакети.

Нови 733 кредитни барања се одобрени преку Развојната банка, од третата бескаматна кредитна линија, со грант компонентна, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.

Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај одобрените претпријатија, вработени се вкупно 15.197 граѓани.

Со оваа кредитна линија, поддржани се 1.123  мали компании, 741 микро компании, вкупно 106  трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се одобрени за занаетчии.

Економските мерки на владата предводена од СДСМ ги даваат посакуваните резултати.

Пакетите економски мерки ги зачувуваат работните места, и ги поддржуваат фирмите кои како последица од коронакризата трпат загуби.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање политики и мерки, за полесно справување со последиците од кризата“, се вели во обраќањето на пратеничката Георгиевска.

Слични содржини