СДСМ со реакција: Најцрните страници од македонската историја се напишани од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

„Најцрните страници од македонската историја се напишани токму од ВМРО-ДПМНЕ. Нивното 11 годишно владеење, остави огромни последици и врз државата и врз граѓаните. Изолирана држава скарана со соседите ,економија во пад, осиромашување на граѓаните, а друга страна грабање од граѓаните и лично богатење. Тоа е сликата која ја остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе“, реагираат од СДСМ на изјавата на потпретседателот на опозициската партија, Александар Николоски.

„За само две години СДСМ преку политиките кои ги води, реши повеќедецениски спор, гради пријателски односи со сите соседи, економијата не само што ја стабилизира туку и таа денес е во раст, со бројни мерки го подигна животниот стандард и го врати достоинството на граѓаните. Граѓаните ги препознаа заложбите на СДСМ, затоа и тогаш и дадоа силна подршка и тоа ќе го направат повторно.

Очигледен е стравот кај ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е колку се уплашени од предвремени брзи избори. Втор ден не смеат да гукнат за брзи избори. Но, едно е јасно нема враќање на блокадите и деструкцијата на штета на државата и граѓаните. Нашата држава тргна напред и ќе продолжи кон патот на евроинтеграцијата , затоа што тоа е местото кое го заслужува. Тоа е иднината која и претстои“, се додава во реакцијата.

Слични содржини