СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и не придонесува за членството во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

За инцидентот во Охрид институциите реагираа брзо, МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно. Согласно со пријавите постапува и ОЈО кое има надлежност во овој случај, возвраќа на изјавата од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, владеачката СДСМ и додава:

„Насилство од било каков тип е неприфаталиво, исто како што се неприфатливи сите обиди за попречување на европскиот пат и навредите на чувствата на македонските граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која работи против европскиот пат на земјата и нема кредибилитет да зборува за оваа тема.

Сите учесници во инцидентот во Охрид се членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Слики со Мицкоски, со Николовски. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на градоначалникот на Охрид, Пецаков, исто така од ВМРО-ДПМНЕ.

На нашата земја не и треба потпалување на атмосферата. Сите треба да се фокусираат на економскиот раст и на продолжување на европскиот пат, уставните измени за интеграција во ЕУ.

Кој не придонесува за овој план само им служи на туѓите интереси и постапува по туѓа агенда“.

Слични содржини