СДСМ за митингот на ВМРО-ДПМНЕ: Малата посетеност потврди дека Силјановска ја нема поддршката

од Nikola Popovski

Од СДСМ излегоа со коментар за синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи ја својата кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Според партијата на власт, „ВМРО-ДПМНЕ имаше слаб митинг и опозициската партија не успеа ниту своите членови да ги собере во поголем број“.

Од владеачката партија истакнуват дека, како што велат, малата посетеност потврди како Силјановска ја нема поддршката од граѓаните, што беше јасно уште кога ДПМНЕ не успеа да собере доволно валидни потписи за својата кандидатка.

-Граѓаните знаат дека Силјановска е само продолжена рака на ДПМНЕ, реприза на Ѓорѓе Иванов. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје, пораачаа меѓу другото од СДСМ.

Според дел од медиумите блиски до опозицијата, на митингот имало над 60 000 граѓани.

На вториот ден од предизборната кампања, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, својата програма ќе ја претстави пред жителите на Вевчани, Струга и на Ресен. Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и коалицијата ќе биде во источниот дел, во Карбинци и во Пробиштип, а митинг ќе има во Штип.

Стевчо Јакимовски од ГРОМ на средба со гостиварци. Бујар Османи од ДУИ ќе оствари средби со граѓани во Батинци, Моране и во Количани, а Максим Димитриевски од движењето „ЗНАМ“ во Берово, Делчево, Виница и во Кочани.

Слични содржини