Пејачката Рита Ора настапи на Capital Radio Jingle Bell Ball во арената О2 во Лондон, а за на црвениот тепих избра фустан за кој многумина се согласија дека е чист кич.

 

Таа избра асиметричен фустан, со отвор на стомакот и еден ракав, со геометриски принт, а истиот дезен се најде и на обувките, кои беа од моделот чизми-сандали.

Вообичаено Рита Ора ретко прави модни промашувања и киксови, па многумина биле зачудени како можел да ѝ се случи ваков пропуст. Од друга страна, сите се согласиле дека на сцената била одлична и неповторлива.

Публиката имала забелешка за кројот на фустанот, за бојата, за дезенот, а добила и многу коментари дека таквиот модел воопшто не ѝ стои. За разлика од тоа, на сметка на шминката и фризурата не добила ниту една забелешка.

Слични содржини