Се огласи сопственикот на продавницата пред која беше убиен Флојд: Џорџ никогаш не се спротивстави, можно е и да не знаел дека поседува фалсификувани банкноти (видео)

од Nikola Popovski

Џорџ Флојд беше убиен на 25 мај во Минеаполис, пред продавницата на „Cup Foods“. Трговецот се посомневал дека Флојд се обидувал да ја плати сметката со фалсификувана банкнота од 20 долари, така што, како што се бара со протоколот, стапил во контакт со полицијата.

Махмуд Абумајалех, човек чиј вработен ја повикал полицијата, исто така објавил за сè на Фејсбук. Тој ја објасни својата страна на приказната додека се здоби со симпатиите на луѓето ширум Соединетите држави.

Во својата објава на Фејсбук, Абумајалех изразил сочувство до семејството на Флојд и рекол дека нема оправдување за прекумерната сила што ја користела полицијата.

Ние ги поддржуваме овие протести, напишал тој и додал дека оваа состојба е лекција за справување со полицијата.

„Законот бара од нас да ја контактираме полицијата во случај на употреба на фалсификувани банкноти. Тоа е всушност рутинска постапка за нас: пријавуваме фалсификувани банкноти, а полицијата излегува на терен за да го испита потеклото“, изјавил тој.

„Кога ја примил фалсификуваната банкнота од Флојд, нашиот вработен ја повикал полицијата во согласност со постапката“, објасни Абумајалех, опишувајќи како полицијата пристигнала и веднаш прибегна кон насилни методи и како неговиот братучед се обидел да ги запре, но бил грубо истуркан од еден од полициските службеници.

„Џорџ никогаш не се спротивстави, а можно е дека тој дури и не знаеше дека имал фалсификувана банкнота“, напишал сопственикот, потенцирајќи дека бил во контакт со семејството на Флојд и дека ќе донира пари за неговиот погреб.

„Полицијата треба да ја штити и служи на заедницата и она што го гледаме одново и одново е дека тие ја користат својата моќ и ја уништуваат довербата што луѓето ја имаат во неа. Ова не е изолиран инцидент, полицијата покажа безброј пати дека не знаат како мирно да ги решi проблемите во нашата заедница “.

„Ова е време да се бара правда, не само за Џорџ Флојд, туку и за сите оние кои беа жртви на полициската бруталност во нашата земја“, заклучил сопственикот на дуќанот пред кој бил убиен Флојд.

„Сè додека полицијата не престане да убива невини луѓе, ние ќе ги решиме ваквите инциденти со ненасилни методи во кои полицијата нема да биде вклучена. Ние мора да се бориме заедно против институционализираниот расизам“, се вели во официјалното соопштение на продавницата.

Патем, Махмуд Абумајалех го познавал Флојд како редовен муштерија, а поради бројните закани со смрт, тој и неговото семејство се засолниле на безбедно, непознато место.

Јавноста реагираше крајно позитивно на неговата објава, како и на објавувањето на продавницата „Cup Foods“, пишува сајтот „Bored Panda“, а стотици луѓе ги споделиле своите негативни искуства со полициската бруталност во коментарите.

Слични содржини