Се сруши мост во Италија: За среќа нема загинати, да не е епидемија ќе ги имало стотици (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Мост над реката Магра, во провинцијата Маса Карара во Италија, се срушил откако две товарни возила го преминале. Чудо е што немаше жртви во оваа несреќа, пишува Кориере дела сера.

Две лица се повредени, а во прашање се возачи на комбињата за достава. Според италијанските медиуми, едниот бил сериозно повреден додека другиот возач бил пренесен во болница поради шок.

Весникот исто така наведува дека мостот се срушил во време кога сообраќајот бил слаб поради пандемијата на коронавирус, но дека илјадници возила нормално би го преминале во нормални околности.
Несреќата се случила во 10:20 часот попладне.

Овој мост одамна е предмет на сериозна дебата околу бројните пукнатини, но експертите тврдеа дека структурата на оваа градба е целосно стабилна.

Во сличен инцидент, дпред две години во Џенова загинаа 43 лица.

Слични содржини