Серијата „Chernobyl“ ја открива најчуваната руска тајна

од desk2

Новата HBO серија „Chernobyl“ е потсетник на тоа колку човекот е опасен за себе и природата. Целата приказна за катастрофата во Чернобил е тешка и сè уште важи како опомена за опасноста што го демне човештвото.

Во серијата ќе го видите тоа што останало скриено од јавноста, детали за тоа зошто и како фактите за катастрофата се криеле и колку долго, колку малку всушност вредел човечкиот живот во Припјат, во 1986 година.

Од една страна ќе видите работници во паника како се обидуваат да ја спречат катастрофата која е во тек, а во Припјат жителите живеат нормално, гледајќи во чадот за кој веруваат дека станува збор за обичен пожар. Една од најпотресните сцени е онаа во која децата играат и танцуваат во дожд од смртоносен пепел кој паѓа на нив. Ваквите детали навистина се случиле. Тука е и приказната која малкумина ја знаат, за тројцата волонтери кои спречиле да дојде до поголема катастрофа во која половина Европа денес не би постоела.

Слични содржини