Шарл Леклер во Ферари: Што треба да знаете?

од Vlatko K

Деби сезоната од соништата за Шарл Леклер во Формула 1 се одвива дури и подобро отколку што некој си замислуваше дека може. Следствено на тоа, Ферари направија голем чекор и најавија дека тој ќе биде клубскиот колега на Себастијан Фетел во следната сезона.

Всушност Леклер е првиот пилот кој доаѓа од Монако, кој се натпреварува за Ферари во Формула 1. И ова е историски момент како за „црните коњчиња“, така и за Кнежеството, чија нација ќе биде обврзана со легендарниот тим за прв пат.

– Од дете сонувам да ги возам црвените болиди. Се надевам дека еден ден тоа ќе се оствари, изјави младиот пилот во пресрет на домашната трка порано во текот на годината. Така сонот станува реалност.

Шарл е најмладиот пилот, кој Ферари го избира од 1961 година. Сепак рекордот го држи Мексиканецот Рикардо Родригез, кој за прв пат вози за Ферари на само 19 години и 208 дена. Леклер ќе стартува со „Скудерија“ во Австралија следната година на 21 година, што секако е исто така огромно постигнување за актуелната ѕвезда на Заубер.

Како што знаеме, возраста е тесно поврзана со искуството. Леклер е најнеискусниот пилот, на кој Ферари се доверуваат од времето на Жил Вилнев. Традиционално, тимот избира утврдени пилоти за нивната тркачка двојка во последниве години. „Скудерија“ го привлекоа Кими Раиконен, по што стана светски шампион, и Себастијан Фетел, откако ги освои четирите титули со Ред Бул. Леклер има само 14 старта зад грбот, а највисоката позиција што ја заврши е шестата во Азербејџан. Кога Ферари го привлече Вилнев, тој имаше искуство од само една Гран-при трка со Мекларен во 1977 година. Вилнев, чија кариера заврши принудно по ужасна несреќа за време на Гран При на Белгија во 1982-та, си ја обезбеди првата победа со Ферари уште во деби сезоната со црвениот болид. Останува да видиме дали Леклер ќе биде способен за истиот подвиг.

Пилотот, чиј кум беше Жил Бјанки, создаде врева околу себе уште од своите денови во картинг првенствата. Неговиот напредок продолжи, а официјалниот интерес од Ферари се појави во 2016-та, кога Шарл се приклучи на нивната академија за млади пилоти. Минатата година Леклер доминираше во Формула 2 и убедливо ја освои титулата, со што се приклучи на елитниот клуб на тројцата пилоти кои ја освојуваат Ф2 (или GP2) во својата деби сезона во шампионатот – Нико Хулкенберг (2009), Луис Хамилтон (2006) и Нико Розберг (2005).

Шарл е и единствениот пилот кој ги освојува како GP3, така и GP2 во своите деби години.

Слични содржини