Шекеринска: Трисесет години партиите беа разединети за други работи, но обединети за членство во НАТО

од desk4

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска имаше прес конференција на која ги истакна придобивките од членството во НАТО, како и поддршката која ја доби земјата со ратификација на протоколот.

„Денеска ми е задоволство што можам да честитaм за ратификацијата од страна на САД. Mожеме да потврдиме дека успешно ја реалзиравме една од двете најважни стратетшки цели, цел за која се зборуваше 30 години, а сега е на чекор до исполнување. Овој успех не падна од небо. Не го добивме на подоарок, туку го заслуживме и одработивме. Прва должнсот на секоја влада е да ја одржува својата земја безбедна. Пред две и пол години имавме изолирана држава, политичка криза, силна конфротација, НАТО и ЕУ беа мисловна именка, имавме критики од домашниот и меѓународни медиуми. Денеска сакам да ги одбележам оние успеси кои ги реализравме.

Должност на секоја влада е да ги остварува задачите за кои општеството се обединило. Трисесет години граѓаните на оваа држава бараа членство во НАТО. Трисесет години партиите беа разединети за други работи, но обединети за членство во НАТО. Тоа е Алијанса која чува една милијарда луѓе. Да се биде дел од клубот сите за еден еден за сите е не само гаранција за сигурност, туку и порака до светот. Тоа е предуслов за отворање нови работни места, бидејќи само сигурни инвеститори се храбри. Да се биде дел од овој клуб е шанса на домашните компании да учествуваат на големиот НАТО пазар, како и другите фирми и претпријатија. тоа се придобивки за економијата и државата.

За разлика од периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, татковината е отворена кон светот. испраќаме наши старешнини во главните команди во НАТО и даваме придонес во Алијансата. Изработивме план за модернизација на вооружените сили и според тој, армијата ќе се опремува според стандардите на НАТО. Три години по ред го зголемуваме буџетот на одбраната и платите во овој сектор. Ги вративме сите обврски кои стојат во законските и колективните договори кои не беа исплаќани. За овие две години, имав чест да ја претставувам мојата држава пред 20 министри на НАТО. Девет од нив ја посетија Макеоднија. Во нашата земја дојде американски секретар и дојдоа германскиот, турскиот, романскиот, бугарски, албанскиот, словечкиот итн.

Ова меѓународно внимание не беше возможно пред две години. Денес тие признаваат успех и напредок. Периодите на криза беа резултат на тоа што оваа земја немаше политичка визија ни лидерство. Не можете да ја одалечувате земјата од НАТО и ЕУ, а да очекувате раст на странски инвестиции. За разлика од ВМРО, ние како одговорна партија се сконцентриравме на раст, развој и интеграција. Нудиме политики кои служат на граѓаните и кои водат напред. Не ги лажеме нашите граѓани дека ќе уриваме тоа што граѓаните го сработија. Не собираме поени со ветување дека ќе ја вратиме земјата назад. Не нудиме враќање во историјата, туку перспектива за утре. еЕинствениот пат кој води натаму е пат со одговорни политики. Заедно со граѓанте на 12 април ќе потвридме дека државата е на правиот пат“, рече Шекеринска

Слични содржини