ШЕСТ ЖЕНИ тужат близок соработник на Џорџ Сорос за злоставување

од Stefanija Kuzmanovska

Шест жени поднесоа тужба против финансиерот Хауард Рубин (66), кој со години е десна рака на милијардерот Џорџ Сорос, наведувајќи дека ги тепал и сексуално ги злоупотребувал во тајна просторија на неговиот луксузен стан на Менхетен, пренесува „Daily Mail“.

Едвард Мекдоналд, адвокатот на финансиерот Хауард Рубин, вели дека наводните жртви го кршат законот затоа што потпишале договор за доверливост со неговиот клиент и дека ќе се соочат со казна од 500.000 долари доколку го прекршат.

Тие биле свесни дека може да бидат повредени за време на сексуален однос. Мојот клиент не сторил никакво кривично дело, тоа е граѓанска тужба, изјави адвокатот и ги отфрли наводите дека Рубин ги дрогирал наводните жртви, велејќи дека можеби им дал лекови против болки.

Рубин важи за бескрупулозен банкар на Вол Стрит, а на жените им платил 5.000 долари за да учествуваат во сексуални екстраваганции.

Сега, шест жени кои учествувале во неговите бизарни сексуални игри одлучија да го тужат, наведувајќи дека ги злоупотребувал игнорирајќи го безбедниот збор и дека физички ги повредил. Безбедниот збор се одредува пред да учествува во овие перверзии.

Судењето треба да започне во ноември оваа година. Жртвите бараат од финансиерот 18 милиони долари надомест.

„Њујорк пост“ објави детали од обвинението во кое се наведува дека една од жртвите била претепана толку многу што нејзиниот пластичен хирург не сакал да ја оперира, бидејќи еден од нејзините импланти на градите е значително оштетен поради ударот. Друга жртва, која не беше именувана, кажала дека Рубин ја силувал.

Минатиот месец, Мери Хенри, со која Рубин беше во брак 36 години и со која има три деца, поднесе барање за развод. Таа е исто така познат банкар на Вол Стрит.

 

Слични содржини