Шојгу: Иранско-руските односи достигнаа ново ниво и покрај противењето на Западот

од Radmila Tasevska

Односите меѓу Русија и Иран достигнаа ново ниво и покрај противењето на голем дел од западниот свет, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, цитиран од британските медиуми.

-Ние спроведуваме цел спектар планирани активности и покрај противењето на САД и нивните западни сојузници, рече Шојгу, кој се наоѓа во посета на Техеран.

„Притисокот од санкциите врз Русија и Иран се покажува залуден бидејќи руско-иранската интеракција достигнува ново ниво“, додаде тој.

Шојгу денеска разговараше со високиот ирански претставник за безбедност, Али Акбар Ахмадијан, за широк спектар на теми со акцент на развојот на ситуацијата во регионот на Кавказ, јави иранскиот сајт „Нур њуз“.

Рускиот министер за одбрана ја посети и базата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, каде што се сретна со командантот на нејзините воздушни сили, Амирали Хаџизадех.

На Шојгу му беа покажани ирански беспилотни летала, ракетни системи и системи за противвоздушна одбрана, пренесе иранската новинска агенција „Тасним“.

Слични содржини