Шојгу откри колку војници изгубила Украина во 2023 година

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, денеска на средба со раководството на вооружените сили открил дека Украина загубила најмалку 215.000 војници во 2023 година.

„Групи руски војници методично го намалуваат борбениот потенцијал на вооружените сили на Украина. Загубите на непријателот во изминатата година надминаа 215.000 војници и 28.000 парчиња оружје“, изјави првиот човек на руското министерство за одбрана.

Тој нагласи дека руската армија ја задржува стратешката иницијатива по целата линија на борбениот контакт. Во исто време, украинските војници се соочуваат со исцрпување на ресурсите, а „немаат резултати на бојното поле“.

„Киевскиот режим продолжува да ги принудува своите војници да бидат заклани“, додал Шојгу, изразувајќи уверување дека тоа нема да ја промени ситуацијата, туку само ќе го продолжи конфликтот.

„Ќе продолжиме доследно да ги остваруваме целите на специјалната воена операција“, заклучил министерот.

Слични содржини