Шокантно признание на германски министер: Едноставно немаме повеќе пари!

од Nikola Popovski

Германскиот државен министер Карстен Шнајдер за време на дебата во емисија на телевизијата АРД, ги изненадил соговорниците признавајќи дека германската влада нема повеќе финансиски средства во буџетот.

-Би сакал накратко да кажам неколку искрени зборови за финансиската состојба. Едноставно немаме повеќе пари, изјавил Шнајдер, пренесува Билд.

Политичарот од редовите на владејачката „семафор коалиција“ додал дека германската влада потрошила 800 милијарди евра за помош за време на епидемијата на коронавирусот, како и за пакети за субвенционирање на цените на гасот и струјата.

-Време е сега да се наплати за тоа, нагласил Шнајдер, додавајќи дека повеќе не може да најавува дополнителна помош.

-Заемите за „важни инвестиции во иднина“ повеќе не се можни поради одлуката на германскиот Уставен суд, додал тој.

Тој признал и дека германската влада не постапила правилно кон земјоделците.

„Двојното даночно оптоварување на моторните возила и земјоделскиот дизел беше превисоко и за тоа не се разговараше со нив. Беше јасна грешка!“

Полицајката Сара Вагенкнехт во истата емисија изјавила дека Германија сега ја има „најглупавата влада во Европа“ и посочила дека сака да види влада во Берлин што навистина ги застапува интересите на луѓето во нејзината земја.

Слични содржини