Шпанското здружение на сопственици на весници го тужеше Мета за непочитување на правото на ЕУ

од Radmila Tasevska

Шпанското здружение на сопственици на весници АМИ поднесе тужба против калифорниската компанија Мета, сопственик на Фејсбук и Инстаграм, тврдејќи дека компанијата со години го прекршува Европскиот закон за заштита на податоците (ГДПР) и ги користи податоците на граѓаните на ЕУ за рекламирање без нивна согласност.

И Здружението АМИ смета дека Мета на тој начин ги прекршува правилата на конкуренција и бара отштета од 550 милиони евра.

-Мета постојано не го почитуваше законот за заштита на податоците на Европската унија и го игнорираше барањето на европскиот регулатор дека граѓаните мора да дадат согласност за користење на нивните податоци за рекламни цели, се вели во соопштението на АМИ.

Слични содржини