„Што беше тоа?“: Светот шокиран од морничава снимка од крунисувањето (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На списокот на гости за крунисувањето на кралот Чарлс, што се одржа во саботата, се најдоа бројни познати личности, великодостојници и членови на кралското семејство. Меѓутоа, во видеото кое почна да кружи на социјалните мрежи се појави многу сомнителен лик кој во никој случај не се очекуваше во Вестминстерската опатија.

Кралските фанови беа вчудоневидени кога видоа некој кој личеше на Смртта: маж облечен во долга црна наметка и качулка, кој носи долг стап кој изгледаше исто како косата што ја носи Смртта.

На Твитер беше споделено видео од гардата на кралот како влегуваат во опатијата, а фигурата на „Смртта“ зад нив оди пред влезот на Вестминстерската опатија.

„Сан“ пишува дека најверојатно станува збор за член на свештенството облечен во свечена облека.

Слични содржини