Шведски епидемиолог: Не ни се смејте, научете нешто од нас

од Aleksandar Petrovski

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против ковид19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство, тврди шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел.

Во отвореното писмо што го пренесе „Политико“, тој вели дека карантинот и другите ограничувања воведени од сите европски земји можат да функционираат само во краток временски период, а на долг рок шведскиот модел е подобар.


Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само им даде упатства на граѓаните за тоа како да се однесуваат, што резултираше со повеќе заразени и повеќе жртви на коронавирус отколку во земјите што воведоа карантин.

Во писмото се објаснува дека „шведскиот модел“ не е ист со она што го примениле во Соединетите држави и Бразил, односно „живеј и дозволи да се умре“, ниту е метод „секој да се грижи за себе“, туку сите за сите ”

„Шведскиот модел“ за одбрана од коронавирус има историски корени и се заснова на идејата дека сите треба да учествуваат во одбраната (не само против инфекција, туку и во други ситуации) и дека сите треба да придонесат.

На долг рок, ќе се докаже дека „шведскиот модел“ е подобар, затоа што строгите мерки на ограничувања, црвените зони и карантин можат да се применат само за кратко време, тврди тој.

„Отпорот на кризи што трае подолго или се враќа во бранови е можно само преку одговорно учество и однесување на сите граѓани“, се вели во писмото на Тегнел од Стокхолм.

Слични содржини