Шведскиот премиер поднесе оставка

од Vladimir Zorba

Премиерот на Шведска, Стефан Левен, денес потврди дека поднел оставка, со што му препушти на претседателот на Парламентот да најде нов премиер, откако не му беше изгласана доверба на лидерот на социјалдемократите.

На Левен не му е изгласана доверба во парламентот на 21 јуни, откако партијата Левица ја повлече својата поддршка.

По изгласувањето недоверба на Левен започнаа хаотични преговори, при што партиските блокови на левиот и десниот центар се обидоа да ја добијат потребната поддршка за формирање влада, пренесе Ројтерс.

„Одлука што ќе ја разниша шведската политика“, пишува весникот „Дагенс Нихетер“ на насловната страница за премиерот Левен.

Стефан Левен е поранешен работник за заварување кој е на чело на кревката малцинска коалиција со Зелените од 2018 година, а тој исто така се потпре на поддршката на две мали партии од десниот центар и партијата Левица за зачувување на власта.

Неговата некоординирана влада беше формирана како резултат на подемот на шведските демократи, партија со корени од крајната десница, која сега е трета по големина партија во шведскиот парламент.

Слични содржини