Силен земјотрес ја погоди Грција

од Vladimir Zorba

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Егејското Море.

Епицентарот бил на 22 километри од Кими на длабочина од десет километри.

Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Атина.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Слични содржини