Силна тропска бура се приближува кон северот на Филипините

од Берта Китинска

Филипинската агенција за управување со вонредни состојби денеска прогласи состојба на тревога бидејќи се очекува тропска бура со обилни врнежи и силен ветер во северните делови на земјата, кои минатиот месец беа погодени од силен циклон.

Се прогнозира дека тропската бура Нору вечерва ќе донесе дожд во неколку провинции, вклучувајќи ги Кагајан и Изабел, а утре ќе продолжи да се движи кон внатрешноста, соопштија метеоролозите, пренесува Ројтерс.

Слични содржини