Силва аут за 3 недели

од Vlatko K

Шпанскиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Давид Силва, ќе биде надвор од терените за три недели, објави „Скај Спортс“.

32-годишниот играч од средниот ред заработи повреда на ахиловата тетива при поразот на „граѓаните“ од Челзи со 0:2 на „Стемфорд Бриџ“.

Шпанскиот менаџер на Сити, Пеп Гвардиола потврди дека неговиот сонародник го пропушта натпреварот со Хофенхајм од Лигата на Шампионите утре.

Пеп Гвардиола нема да може да смета уште на Кевин де Бруин, Данило и Серхио Агуеро.

Манчестер Сити е втор на табелата во Премиер лигата со бод помалку од лидерот Ливерпул, а во групата во Лигата на Шампионите е прв со 3 поени пред вториот Лион и 5 пред третиот Шахтјор (Доњецк).

Хофенхајм е четврти со само 3 бода.

Слични содржини