СИРИЗА: Мицотакис повикува на евроинтеграција на С.Македонија, а одбива да ги ратификува трите технички договори со земјата

од Vladimir Zorba

Очекуваме неформална вечера да не биде уште една ПР-прилика, туку дека ќе бидат претставени конкретни иницијативи од Грција за пристапната перспектива на Западен Балкан во продолжение на Солунската агенда и Договорот од Преспа и под поставените услови од ЕУ во јуни 2019 година, а по интервенција на Владата на СИРИЗА, соопштија од грчката опозициска партија СИРИЗА во пресрет на неформалната вечера што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека „обидот на грчкиот премиер да ја истакне важноста на европската перспектива на Западен Балкан, во момент кога систематски молчи дека оваа перспектива се одмрзна во 2018 година и постои благодарение на Договорот од Преспа, претставува знак на лицемерие“.

Додаваат дека актуелната грчка Влада има недостиг на стратегија во надворешната политика и особено недостиг на кохерентна стратегија за Балканот во корист на интересите на Грција.

-Потсетуваме дека господинот Мицотакис е единствениот европски премиер кој од една страна ја повикува ЕУ да продолжи со интеграцијата на Северна Македонија (и сите земји од Западен Балкан) за помалку од десет години, додека од друга страна одбива да ги ратификува трите технички договори со соседната земја. Тој е премиерот кој од една страна не го кани премиерот на Албанија поради случајот Белери, но од друга страна пред неколку месеци со него одржуваше фиести во малцинските села во Албанија, разменувајќи предизборни комплименти, соопштија од СИРИЗА.

Слични содржини