Слаб дожд во југозападна Македонија, затворена за сообраќај делницата Велес-Градско

од Nikola Popovski

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, на ден 15.01.2024 год. ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, додека од 16.01.2024 до 18.01.2024 год. затворена за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд во југозападниот дел од земјата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини