Смрт, дрога, трагедии, киднапирања: Проклетството на семејството Гети

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот милијардер и нафтен тајкун Џон Пол Гети важеше за најлошиот човек на светот, поради постапки кои многумина не можат да ги разберат. Имено, се верува дека немало поголем скржавец од него, а тој одбил да им помогне на најблиските членови на семејството дури и кога имале големи проблеми.

Семејството Гети докажа дека среќата не може да се купи со пари, а многумина веруваат дека и денес се проколнати. Денес, милијардерското семејство Гети има десетици членови, од кои сите носат свои трауми и трагедии.

Смртта, трагедиите и уништувањата продолжуваат да ги следат на секој чекор, а минатата година приказните за злите духови повторно оживеаја кога Џон Гилберт Гети беше пронајден мртов во луксузниот хотел „Ема“ во центарот на Сан Антонио. Само два месеца претходно починала неговата мајка, а пет години пред тоа и неговиот постар брат Ендру чија смрт била повеќе од мачна.

Ендрју Гети бил пронајден мртов на 31 март 2015 година во неговиот дом од неговата поранешна девојка, гол од половината надолу, опкружен со локва крв. Како причина за смртта се наведуваат срцеви заболувања и употреба на дрога. Сето тоа било последица на киднапирање за кое всушност неговиот дедо не сакал да плати откуп, а на тоа се согласил дури кога му испратиле отсечено уво. Во годините што следеле, Ендрју се борел со депресија, а на крајот поради траумата завршил кзко зависник од наркотици.

Инаку, најмладиот син на Џон Пол Гети починал од тумор на мозокот кога имал 12 години, а најстариот Џорџ се избодел со вилушка. Вториот син Џон Пол Гети Втори станал зависен од хероин, исто како и неговата втора сопруга Талита, која исто така починала од предозирање. И тоа е само врвот на ледениот брег.

Дека на помладите наследници не им било ништо полесно, потврдуваат и приказните на Ајви и Натали, Натс Гети, чии случаи потсетуваат на книгата „Сиромашна мала богаташка“. Имено, тие имале се, но всушност постојано растеле во дисфункционално семејство, па не е чудно што добар дел од животот поминале во проблеми со депресија, па дури и со алкохол и наркотици, но и со анорексија, како што било случајот со Натали.

Натс, односно Наталија Гети, е една од ретките со презиме Гети од новата генерација потомци кои се појавија во јавноста поради шокантните детали. Од друга страна, многумина тврдат дека е инспиративна и храбра и дека е некој кој успеал да ги победи своите демони.

Слични содржини