Сообраќајка помеѓу голф и мерцедес во Гостивар

од Milan1

Вчера 14.10 часот во полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиновски” во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф”, управувано од Е.Х.(60) од с.Врапчиште и патничко возило „мерцедес”, управувано од М.Д.(26) од с.Равен, двете со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф”, А.Р.(54) од с.Врапчиште, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица Гостивар, информираат од МВР.

Слични содржини