Спасовски: Ако парите што ги стекнуваат на нелегален начин не бидат одземени од криминалците, тогаш немаме ефикасна борба против криминалот и корупцијата

од Vladimir Zorba

За платформата #деполaризирајсе, која е дел од проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество“, Институтот за медиуми и аналитика ИМА разговараше со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој посочува дека организираниот криминал и корупцијата е еден од приоритетите, меѓутоа, и еден од најголемите предизвици, не за Република Северна Македонија, туку генерално, за сите земји во светот.

И покрај организираниот криминал и корупцијата, тука можеме да ги вброиме тероризмот, илегалната миграција, сајбер-безбедност, коишто на долг рок ќе бидат безбедносни предизвици, вели министерот.

„Секако дека за држави како што е нашата, или за држави во опкружувањето, клучни се две работи во делот на борбата против организираниот криминал и корупција. Едната работа е да ги јакнеме капацитетите на системот. Кога зборуваме за системот, тоа значи Јавното обвинителство, правосудството и органите коишто спроведуваат закон, заради тоа што сите се меѓусебно поврзани, а барањето на граѓаните е да има след на низа активности коишто се преземаат во истражната постапка, сè до последниот, до издржувањето на казната или до конфискацијата на имот – нешто што е неопходно за да таа борба против криминалот и корупцијата биде ефикасна. Знаете, ако парите што ги стекнуваат на нелегален начин не бидат одземени од криминалните структури тогаш немаме ефикасна борба против криминалот и корупцијата. И ова се однесува генерално на секаков вид на корупција, дали е тоа високата корупција на личности коишто раководат со институциите, или е генерално криминал и корупција на криминалните структури. Сите тие се едно исто, и бара подеднаков одговор од страна на државата во овој дел“, порача Спасовски.

Слични содржини