Спасовски: Ќе го вратиме персоналниот данок на доход на сите млади вработени до 29 години

од Берта Китинска

Северна Македонија е единствена земја надвор од ЕУ која воведе младинска гаранција, напиша на својот Фејсбик профил Оливер Спасовски, носител на ИЕ 2 од СДСМ.

Тој вели дека ќе се врати персоналниот данок на доход на сите млади вработени до 29 години, во период од првите две години од вработувањето.

„Воведовме младинска гаранција и младински додаток од 3.000 денари, којшто се исплаќа овие денови за сите млади вработени до 23 години, а се во од производство или од земјоделие. Обезбедуваме можности на младите луѓе за вработување, за преквалификации, за учество во производство, во земјоделие, во сите сегменти. #Можеме, и уште повеќе и уште подобро“, вели Спасовски.

Слични содржини