Спасовски: Сузбиена криминална група што издавала македонски пасоши, се соочивме со саботажа на акцијата од Мицкоски

од Nikola Popovski

„Сузбиена е криминална група, во која дел биле 9 полициски службеници кои издавале македонски патни исправи со туѓ идентитет, за странски државјани“, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција за полициската афера „Мафија“.

Тој посочи дека ова било остварено со поддршка од страна на регионалниот центар за безбедност при Американската амбасада и Генералниот секретаријат на Интерпол.

„Како поддршка на криминалната група било и лице кое не поседувало службени овластувања, туку било посредник помеѓу барателите на патни исправи и службените лица“, рече Спасовски, кој додаде дека се соочиле и со саботажа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски.

„Беа пласирани информации со истрагата и можеше да се загрози се што беше сработено во период од една година. Ова е недозволиво, застанувањето против полицијата и против борбата за правда. Лажни вести се дека оваа акција почнала во време на Наќе Чулев“, изјави Спасовски.

Слични содржини