Српски епидемиолог: Крај на епидемијата во јуни, април и мај ќе бидат критични

од Nikola Popovski

„До крајот на мај ќе се справиме со короната, а во јуни ќе се вратиме на нормалнииот живот. Постои страв дека повторно ќе се соочиме со вирусот на есен, но не се очекува да биде толку силен, вели проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ, еден од најдобрите српски епидемиолози.

Д-р Тиодоровиќ,  исто така зборувал за тоа како времето влијае врз коронавирусот и како досега мерките го менуваат текот на епидемијата.

„Никој, па ниту Србија не може да избегне нешто што е пандемија, нешто што се шири по цел свет. Тоа што ќе стигне во Европа не може да не заобиколи, па е многу логично да го имаме и тука. Пандемијата за сега ја нема само во Африка, односно има импортирани случаи, но нема масовно заболување. Секаде каде што е премногу топло, го нема вирусот. Тој има масен штит, кој на топло се топи и така се иништува, а најмногу го убиваат ултравиолетовите зраци. Се надеваме дека мај ќе биде топол месец, а најважни се ултравиолетовите зраци и УВ индексот да биде над 3. Така може да очекуваме дека во мај ќе дојде до нагло опаѓање на заболувањата и дека ќе влеземе во контролирано следње на епидемијата. Вирусот не ја трпи температурата под 0, но и онаа над 23 степени“, вели докторот  Тиодоровиќ.

Слични содржини