Стејт департментот повторно го заобиколи Конгресот и одобри итна продажба на оружје на Израел

од Vladimir Zorba

По втор пат овој месец, американскиот Стејт департмент го заобиколи Конгресот за да одобри итна продажба на оружје на Израел.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го извести Конгресот дека донел втора итна одлука, покривајќи ја продажбата на опрема од 147,5 милиони долари на Израел, вклучително и осигурувачи и муниција потребни за опремување на гранати од 155 мм што Израел веќе ги има, соопшти Стејт департментот.

„Со оглед на итноста на израелските одбранбени потреби, секретарот го извести Конгресот дека го искористил своето делегирано овластување за да утврди постоење на вонредна состојба, што бара итно одобрување на трансферот“, се вели во соопштението, пренесе АП.

Стејт департментот додава дека САД се посветени на безбедноста на Израел и наведуваат дека е од витално значење за американските национални интереси да се осигура дека Израел може да се брани од заканите со кои се соочува.

Слични содржини