Стоилковски извади списоци: Стотици автомобили на функционери од власта ослободени од плаќање паркинг во Скопје (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг во Скопје, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Возилата на листите, според него, се на имиња на Борче Јакимовски најчесто и на Владимир Кроневски, кој што се доскорешни директори на паркингот во Скопје, инаку членови на претседателството на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ.

Возила има и на име на Славче Јовановски, актуелен советник во Град Скопје – дел од највисокото раководство на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

„Има имиња и на други луѓе како и опис на автомобилите. Да речеме стои името, регистарска табличка и име на Мартин Попов, актуелен шеф на кабинет во владата на премиерот. Тука е и поранешниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин. Тука, до името на Владимир Кроневски е и Душко Весковски, доскорешен директор на Водовод во Скопје и да не ги редам други. Значи станува збор за најмалку 400 возила и според бројот на регистрициите, може да се направи една споредба дека станува збор за цела една катна гаража, да речеме, „Македонска Фаланга“ тука кај цветен пазар, да е резервирана бесплатно за повластени лица, според овие списоци кои што беа доставени од укажувач“, посочува портпаролот.

Слични содржини