Столтенберг: Преговорите во Охрид се важни, Вучиќ и Курти да бидат конструктивни

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија се важни и апелираше до српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти да бидат конструктивни во дијалогот.

„Договорите под покровителство на ЕУ во Охрид се важни и очекувам претседателот на Србија и Албин Курти да бидат конструктивни и да напредуваат. Ова е клучно за долгорочната стабилност и иднината на регионот во Европа и евро- атлантската структура“, напиша Столтенберг на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека КФОР „ќе продолжи да работи за да се осигура дека ситуацијата на Косово е стабилна и мирна“.

Слични содржини