Столтенберг: Русија мора да одговори на прашањата за околностите на смртта на Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да одговори на прашањата поврзани со смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и додаде дека е неопходно да се утврдат фактите поврзани со неговата смрт.

„Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија мора да одговори на сите сериозни прашања за околностите на неговата смрт“, рече Столтенберг.

Канцеларијата на Федералната поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец во соопштение наведe дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а се утврдува образецот на смртта.

Тој служеше 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

Слични содржини