Стоун и Чомски ги реконструираа лошите политички нарави на Клинтон и Трамп

од Vladimir Zorba

Се приближува аатумот 8 ноември, кога ќе се одржат претседателските избори во САД. Двајца познати американски интелектуалци Оливер Стоун и Ноам Чомски ги споделија своите грижи за двајцата кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп. Оливер Стоун, режисер и добитник на “Оскар” изјави : Клинтон е кралица на хаосот, САД ќе тргне по опасен пат ако Хилари Клинтон победи на претседателските избори. Не треба да заборавиме дека таа ја поддржа војната во Ирак и во својство на државен секретар помогна за уништувањето на Либија. Резултатот од овие нејзини одлуки беше уште поголем хаос, целосна дестабилизација и појава на бегалскиот и миграциски проблем. Под изговор дека се борат против тероризмот, САД собираат информации од целиот свет, но тоа не придонесува за засилување на безбедноста. Големата маса на информации спречува нејзино сериозно структурирање. Глобалното следење има друга цел. Тоа не ја зајакнува безбедноста, но ги исполнува корисните задачи за да се влијае врз економијата и да се води борба со протестните движења.

5136191

Ние сакаме да бидеме светски полицаец, да принудиме сите да ги прифатат американските вредности. Сакаме глобализација на американската империја. Еден ден таа империја сама ќе се сруши, процесот веќе започна. Но не сум сигурен дали јас ќе го доживеам “.
Проф. Ноам Чомски, филозоф и политички активист изјави: Трамп е светски проблем “Прашањето е дали светот ќе преживее, откако Доналд Трамп ќе стане претседател. Ако тој биде избран, тоа навистина ќе биде сериозно потрес. Особено, ако тој почне да спроведува политиката, за која зборуваше до моментов, на пример, во нуклеарната сфера. Човекот кој ќе може да го притисне црвеното копче, е неук и површен, страда од манија за величење, кој во 3.00 часот наутро, наместо да пишува порака на Твитер за Мис Универзум, одеднаш може да си каже: „Некој не го прифати мојот предлогот“. И од таа причина и десните, и левите и воопшто сите аналитичари се толку загрижени.
Трамп широко го користи Твитер за своите политички изјави. Тоа е дел од растечката површна култура, во која се читаат само кратки пораки. Твитер личи на карикатура, пишуваш неколку зборови, без да дадеш никакви докази.
Тешко можеме да разбереме што навистина мисли Трамп, бидејќи фрла мислења во сите правци. Медиумите не го создадоа, тие само му дадоа мегафон.

Слични содржини