Во последните две недели беше постигнат привремен договор за задржување на Грција во еврозоната. Договорена беше и патоказ за прекин на борбите во источна Украина. А во Женева преговарачите на иранскиот прашање, напредуваат во постигнувањето на потенцијална зделка за нуклеарната програма на Техеран.

И покрај тоа би било премногу рано, дури неразумно да сметаме дека линиите на поделба меѓу овие проблеми се јасно истакнати. Разбирање дека овие кризи се неразделно поврзани, е првиот чекор кон предвидување каде и кога ќе експлодира следниот судир.

Германија и кризата во еврозоната

Германија повторно стана жртва на сопствената моќ. Како најголем кредитор во Европа, земјата има значително политичко влијание врз должниците како Грција, чие целина постоење зависи од тоа дали канцеларката Ангела Меркел има желба да потпише нов чек за помош. Не треба и да заборавиме дека Германија извезува повеќе од половина од својот бруто домашен производ (БДП) и поголем дел од овој експорт се конзумира во рамките на Европа. На овој начин институциите на кои се  потпира Берлин за да го задржи својот пазар за извоз, се исти со кои земјата треба да се бори да го задржи националното богатство.

Многумина ја определија последната трансакција во Брисел како победа за Берлин над Атина, откако министрите за финансии, вклучувајќи  ги на Португалија, Шпанија и Франција, застанаа зад Берлин во одбивањето да им дозволат на Грција да го заобиколи своите обврски. Меркел не е подготвена да ги  вложи парите на германските даночни обврзници против кревките ветувања на Атина за намалување на трошоците и спроведување на структурни реформи.

Во рок од 4 месеци Грција и Германија повторно ќе се надмудруваат , па  на Атина најверојатно повторно нема да и се дадат гаранции, од кои Берлин треба да ги убеди своите евроскептици дека има институционалната тежина да се наметне германската штедливост на остатокот на Европа.Колку повеќе време си купува Берлин, толку помалку флексибилни стануваат позициите на Грција и толку сериозно ќе треба трговците, бизнисмените и политичарите да ја прифатат заканата од т. н.  Grexit – грчкото напуштање на еврозоната, кое  ќе е првиот од серијата настани,  кои би можеле да доведат до распадот на зоната.

Улогата на украинската криза

За да се фокусираат Германија врз ескалацијата криза во еврозоната, Меркел има потреба од мир на источниот фронт. Не е чудо што таа се оддаде на бројни непроспиени ноќи и на континуирани патувања, за да се постигне уште еден договор во Минск. По неколку дена на расправиите Германците (повторно со својот статус на кредитори, овој пат на Украина) го принудија украинскиот претседател Петро Порошенко да ја прифати реалноста на бојното поле и да потише   мировен договор. Но дури Германија и Русија и да се способни да  вратат релативен мир во источна Украина, тоа тешко би довело до деескалација меѓу САД и Русија.

Врската помеѓу Украина и Иран

Иако распространетото мислење на Западот, дека рускиот претседател Владимир Путин не е опфатен со луди територијални амбиции, тој ја гледа географската карта пред себе како претходниците векови пред него,  и се бори да ја заштити земјата од соседните држави, кои паѓаат под закрила на далеку страшна воена сила од Запад.  САД к акопотсетник на Москва,  постојано во последните неколку дена вели дека , Белата куќа го задржува правото да испрати тешки овооружувања  и смртоносно оружје во Украина. Но заедно со оружје ќе дојдат и инструкторите, а со нив и воени единици.

Путин веќе ги гледа напорите на САД, кои се активираат сојузниците на периферијата на Русија. САД дури излегуваат надвор од границите на НАТО, за да ги зајакнат своите позиции за руската периферија. Дури краткорочното примирје да се наметне во источна Украина, ништо не ја исклучува варијантата САД да навлезат подлабоко во областа.

Оваа претпоставка ќе ги мотивира руските дејства следните месеци – Путин смета на  воени варијанти, кои вклучуваат создавање на копнен коридор кон Крим, амбициозен поход уште на запад со излез кон реката Днепар и провокации спрема балтичките земји за да се тестира  НАТО.

САД не можат да ги исклучат ниту една од овие можности, па мора да се подготват соодветно. Но акцентот врз евроазиски театар претпоставува прво,  САД да си ги  решат некои проблеми на Блискиот Исток, почнувајќи со Иран. Така доаѓаме до Женева, каде државниот секретар на САД Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф се состанаа повторно на 22 февруари, за да преговараат за останатите точки од нуклеарниот договор.Познато е дека 31 март е рокот до кој американскиот претседател Барак Обама мора да покаже дека е постигнат доволен напредок во преговорите со Иран за да го убеди Конгресот да се откаже од дополнителни санкции против Иран.

Ако САД одигра сценарија според кои американските воени сили се конфронтираат со Русија на европскиот терен, тие ќе мора брзо да ги  регрупираат боречките делови, кои во последните години беа испратени да го изгаснат пожари во регионот на Персискиот залив.

За да се олесни товарот на Блискиот Исток, САД погледнуваат кон регионалните сили,  и ништо од тоа  дека тие имаат конкурентски интереси. Значи една американско-ирански аранжман ќе оди подалеку  од прашањата колку ураниум ќе има право Иран да збогатува, какви резерви да чува и кои санкции против него ќе отпаднат, ако  ја ограничи својата нуклеарна програма. Овој договор ќе ги нагласи регионалните контурите на иранската  сфера на влијание и да обезбеди можности за Вашингтон и Техеран да соработуваат во областите каде што интересите им се покриваат. Веќе можеме да видиме како во Ирак и Сирија, каде една реална закана го принуди САД и Иран да ги координираат напорите за ограничување на џихад амбициите на ИД.  САД разбирливо ќе бидат претпазливи во своите јавни изјава за да  се затапи стравувањата на Израел. Но американски официјални лица се  во дилема дали во разговорите во последно време со либански соговорници  се позитивни мислења за улогата на “Хизболах” во борбата против тероризмот. (За еврејската држава “Хизбола” е заколнат непријател – бел.ред). Тоа може и да изгледа како мал детал на површината, но Иран гледа во приближувањето со САД можност да бара признание за “Хизболах” како легитимен политички субјект.

Приближување меѓу САД и Иран може и да не се случи до крајот на март или до крајот на година. Напорите сепак ќе продолжат и следната година. Какви пречки да се јавуваат, САД нема да се откажат од курсот за нормализирање на односите со Иран.

Но, дури и нуклеарното договор да создаде основа за американско-иранско разбирање, Вашингтон ќе продолжи да се потпира на такви регионални сили како што се Турција и Саудиска Арабија, за даја  прикријат иранската сфера на влијание. Така Вашингтон ќе ги поттикнува природните регионалните ривалства, за да формираат регионален баланс на силите за еден подолг временски период.

Кругот се затвора

Германија има потреба од договор со Русија, за да е во можност да ја  регулира кризата во еврозоната. Русија има потреба од договор со САД, за да се ограничат американските напади во својата сфера на влијание. САД, пак имаат потреба од договор со Иран за да го пренасочат вниманието кон Русија. Германија и Русија можат да си најдат начини за решавање на разликите истото можат да го сторат САД и Иран. Нема сепак да бидат надминати ниту продолжување на кризата во еврозоната, ниту недовербата на Русија кон американските намери во нејзината периферија.

И двата аспекти даваат можност на САД да се вратат назад во Евроазија. Збунета Германија ќе ги принуди САД да одат надвор од границите на НАТО, да ја опколат Русија. И Русија ќе најде начин да  одговори, дури и економската состојба да е тешко, не се сомневајте во тоа.

———

Анализата е објавен во “Стратфор”.

Слични содржини