Известување од парламентот стигнало денеска попладне во Кривичниот суд, според информации оттаму, било посочено дека не биле создадени услови за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на парламентот Трајко Вељаноски.

Иако поминаа неколку седмици откако беше прекината и седницата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, судот исто така денеска попладне бил известен дека нема одлука по барањето за определување притвор за пратеникот на СПМ, пренесе Правосудство.