СЗО ПРЕДУПРЕДУВА на нова опасна мутација на Ковид 19

од Берта Китинска

Повеќе од 100.000 луѓе ќе умрат од коронавирусoт ширум светот од денес до крајот на Олимписките игри, предвидува првиот човек на Светската здравствена организација.

На состанокот на Меѓународниот Олимписки комитет, Тедрос изјави дека „светот не успева“ да се справи со пандемијата и дека секој што мисли дека е готово, живее во „светот на будалите“.

Истовремено, Тедрос предупреди на закана од поопасен сој од актуелната Делта варијантата.

„Колку е пораспространет, толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат отпорни и на вакцините,  и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос.

Слични содржини