Таткото на исчезнатиот Хрват потврди дека син му е на снимките: Моите надежи растат

од Nikola Popovski

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, за Слободна Далмација изјави дека на видеата што ги објавија српските портали навистина се гледа неговиот син, во оние во градот каде што трча и бара такси, како и во оние во кои плива во реката Сава.

„Знам само дека ништо опасно не му се случи во клубот, но се уште не можеме да реконструираме што се случи потоа и кој е контекстот што би ја објаснил оваа снимка. Кога дојдов во Белград имав лошо чувство дека сето ова нема да заврши добро, но како што минува времето, надежите ми растат. Не се огромни, веќе поминаа четири дена, но не исчезнуваат. Ме прашуваат зошто полицијата не ангажирала нуркачи? Сава е длабока четири-пет метри и не е морето просторот да се огради, а од бродовите немаше информација дека ќе треба да се ангажираат нуркачи. Благодарност до сите луѓе за гостопримството и срдечноста овде во Белград, како и полицијата која сериозно си ја работи работата“, изјави Ненад Периш за „Слободна Далмација“.

За потсетување, на видеата објавени во српските медиуми се гледа Матеј Периш од Сплит од неколку различни агли. Во првите минути од видеото може да се види како младиот човек трча по улиците, како и моментот кога запрел таксит По краткиот разговор тој продолжува да трча, а возилото продолжува по свој пат.

Инаку, пред клубот „Готик“ кај Бетон салата, патролите на речната полиција патролираат по брегот на реката Сава во потрага по исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит, кому му се губи секоја трага на ноќта помеѓу 30 и 31 декември.

Слични содржини