Тепачка меѓу повеќе лица во Карпош откако дошло до сообраќајка

од Nikola Popovski

Синоќа дошло до групна тепачка во близина на трговскиот центар Антико на булеварот „Партизански одреди“. Според неофицијалните информации кои се пренесуваат, тепачката се случила откако имало сообраќајка, која прераснала во расправија, а потоа во тепачка.

Случајот бил пријавен во полиција, а на местото на тепачката пристигнале и екипи на Брза помош кои ја укажале потребната помош.

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации од МВР.

Слични содржини